Рома го победи Емполи го одиграа последниот меч од 6-то коло од италијанската Серија А. „Волчицата“ потешко од очекуваното победи со 1-2.
Пауло Дибала го отвори натпреварот во 17.минута, успевајќи да го донесе првото водство на својот тим. До крајот на полувремето домаќините напаѓаа, а ваквиот пристап кон играта им донесе гол 43. минута, стрелец на голот беше Филипо Бандинели.
Во вториот дел Рома покажа поинаков пристап, очигледно фудбалерите на Мурињо мислеа само на победа во овој дуел, а во таа мисија им помогна Тами Абрахам во 71. минута за конечни 1-2.
По овој триумф Рома се наоѓа на 5-то место во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА