Рома „прокоцка“ предност и освои само бод кај Торино (ВИДЕО)

Торино и Рома одиграа реално реми во последниот натпревар во 5. коло Серија „А“ одигран вечерва. И покрај тоа што имаа неколку шанси двата тима, постигнаа само по еден гол за по еден бод на крајот.

Рома беше во подредена улога во првиот дел, а Торино не ги искористи своите прилики. Затоа во вториот дел „волчицата“ почна да игра подобро, и Лукаку во 68. минута донесе предност за гостите.

Сепак, Запата во 85. минута успеа да го совлада Руи Патрисио и да донесе еден бод за својот тим.

Се вчитува...