Италијанскиот калчолигаш Рома се обидува да го засили средниот ред со уругвајскиот интернационалец Лукас Тореира од Арсенал. Тој не доби голема шанса минатата сезона во дресот на „топчиите“ и би можел да се врати во Серија А каде претходно го носеше дресот на Сампдорија.
Рома и Арсенал имаат одлични односи кога се трансферите во прашање, „волчицата“ го откупи Хенрик Мхитарјан, а сега соработката може да биде продолжена и со Лукас Тореира. Се разгледува можноста Уругваецот да дојде и како позајмен играч до крајот на оваа сезона, со опција за комплетно откупување на договорот.
Рома го отвора новиот шампионат во Серија А со гостување кај Верона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

