Жозе Мурињо имаше ужасна генералка во пресрет на стартот на новата сезона на Рома откако „волчицата“ беше поразена со 5-2 на дуелот со Бетис. Португалецот беше бесен на судиските одлуки, па доби црвен картон, а мора да се истакне дека Рома мечот го заврши со осум фудбалери, откако тројца играчи на „римската волчица“ заработија исклучувања.
На полувреме се замина со водство на Бетис од 2-1, Манчини погоди за 2-2, а откако Морено во 58. минута реализираше за водство на Бетис од 3-2 почна лудницата на теренот. Една минута подоцна Пелегрини зарабори црвен картон, а Мурињо полуде и втрча на терен кон судијата, по што и тој беше испратен во соблекувалната. Шест минути подоцна втор жолт картон доби Манчини, а во 78. минута Рома остана со осум играчи откако исклучен беше и десниот бек Карсдорп.
Бетис знаеше како да ја искористи оваа предност и со головите на Телјо и на Роберто стигна до убедлива победа.
So the referee managed to mess up the game. How will it benefit Betis to play against 9 man Roma without their coach? Pellegrini red card, Mancini red card, Mourinho red card, another of his staff red card. Lol what a joke? And yes Betis 3rd goal was a clear hand ball pic.twitter.com/2qe0RP2Kls
— Mourinhofans Tv (@MourinhofansT) August 7, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА