Рома се посрамоти, Мурињо полуде и доби црвен картон

Жозе Мурињо имаше ужасна генералка во пресрет на стартот на новата сезона на Рома откако „волчицата“ беше поразена со 5-2 на дуелот со Бетис. Португалецот беше бесен на судиските одлуки, па доби црвен картон, а мора да се истакне дека Рома мечот го заврши со осум фудбалери, откако тројца играчи на „римската волчица“ заработија исклучувања.

На полувреме се замина со водство на Бетис од 2-1, Манчини погоди за 2-2, а откако Морено во 58. минута реализираше  за водство на Бетис од 3-2 почна лудницата на теренот. Една минута подоцна Пелегрини зарабори црвен картон, а Мурињо полуде и втрча на терен кон судијата, по што и тој беше испратен во соблекувалната. Шест минути подоцна втор жолт картон доби Манчини, а во 78. минута Рома остана со осум играчи откако исклучен беше и десниот бек Карсдорп.

Бетис знаеше како да ја искористи оваа предност и со головите на Телјо и на Роберто стигна до убедлива победа.

Се вчитува...