Елиф Елмас сака да се врати во Наполи, но проблем е што неговиот поранешен клуб никако не успева да се договори со Лајпциг за да го комплетира трансферот на македонскиот репрезентативец. Бавните преговори меѓу двата страни ќе се обиде да ги искористи раководството на Рома, кое е подготвено да се врати назад во трката по Елмас, се со цел да успее да го доведе Елиф на „Олимпико“.
„Скај Италија“ обелодени дека „римската волчица“ сериозно гледа на Елмас како на идеално засилување. Тренерот Пелегрини бара нов играч на левата страна од нападот, позиција каде што Елмас одлично се снаоѓа. Прва опција беше Џејдон Санчо, но откако Англичанецот ја одби понудата на Рома (иако беше постигнат договор со Манчестер Јунајтед) сега вниманието е целосно насочено кон Елмас.
Според најавите од Апенинскиот полуостров, Рома е подготвена и за поинаков рецепт за разлика од Наполи. Имено, „волчицата“ во својата понуда за позајмица ќе вклучи и клаузула за задолжителен откуп од над 10 милиони евра, се со цел да добие зелено светло од Лајпциг за да го комплетира овој трансфер.
Едно е сигурно, време има се помалку, преодниот рок ќе заврши за девет дена, а Лајпциг ќе мора што поскоро да донесе одлука за иднината на Елмас, кој дефинитивно не е дел од плановите на стручниот штаб за новата натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

