Рома се засили со еден од најголемите таленти од Островот

Еван Фергусон и дефинитивно ќе биде нов играч на Рома, објави Фабрицио Романо.

Тој доаѓа на позајмица од Брајтон со опција за откуп за 40 милиони евра. 20-годишниот Фергусон, кој е издвоен како огромен талент на Островот, е напаѓач, притоа во сезоните 22/23 и 23/24 постигна шест гола во Премиерлигата за Брајтон, но минатата сезона играше за нив само 13 пати и постигна само еден гол.

Во јануари, тој отиде на позајмица во Вест Хем, но ни таму не се докажа. На осум натпревари не постигна ниту еден гол.

Се вчитува...