Рома во јануарскиот преоден рок би можела да добие големо засилување со ангажман на искусниот десен бек од Атлетико Мадрид, Хуанфран.
32-годишниот Хуанфран има договор со Атлетико до крајот на сезоната. Се уште нема нов договор со актуелниот свој клуб, а навестувањата се дека дефинитивно ќе ја менува средината.
Поранешниот шпански репрезентативец веќе седум години е во Атлетико, каде пристигна од Осасуна, а претходно беше член на Реал Мадрид и Еспањол. Со Атлетико Мадрид двапати играше во финалето на Лигата на шампионите и освои една титула шампион на Шпанија.
Оваа сезона веќе не е во прв план кај Симеоне, додека во Рома повторно би добил шанса за потврда на сиот свој фудбалски квалитет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА