Резултатската криза на Рома уште повеќе се продлабочи со вечерашниот пораз на домашен терен од Аталанта (0-2), прв откако Клаудио Раниери пристигна на клупата на овој тим на местото на Хрватот Јуриќ.
Стариот лисец очигледно ќе има полни раце работа да го разбуди заспаниот тим, кој вечерва повторно делуваше крајно безопасно со Довбик и Дибала во навалната линија. Аталанта трпеливо ја чекаше својата шанса, во првиот дел го контролираше темпото, за во вториот со два гола да ги освои бодовите на ова тешко гостување.
Де Рон беше стрелец на првиот гол откако холандскиот интернационалец со многу среќа по удар од работ на шеснаесетникот погоди за 0-1. Вториот погодок беше дело на „резервистите“ кои влегоа во игра во вториот дел, Заниоло ја затресе мрежата по корнерот на Квадрадо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА