Само неколку часа откако беше објавена веста за разделбата од Даниеле де Роси челниците на Рома успеаја да најдат нов тренер за првиот тим на „римската волчица“.
Се споменуваа имиња како Един Терзиќ и Томас Тухел, но на крајот изборот на водечките луѓе на клубот неочекувано падна на Иван Јуриќ. Како што информираат италијанските медиуми, клучно било што Јуриќ го прифатил најважниот услов во преговорите што го поставил римскиот клуб, потпишаниот договор да биде до јуни 2025 година, по што би се преговарало одново за продолжување на соработката.
Терзиќ и Тухел категорично одбиле такво нешто, но Јуриќ прифатил, по што биле експресно договорени и финансиските детали, па Хрватот ќе го води попладневниот тренинг на „волчицата“ што ќе стартува во 18 часот.
Иван Јуриќ летово си замина од клупата на Торино, а претходно во кариерата во Серија Аги има водено и Џенова и Верона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА