Португалскиот стратег кој е на чело на Рома, Жозе Мурињо инсистирал на уште едно засилување до крајот на преодниот рок.
Како што пренесува „РМЦ Спорт“, Мурињо притискал да се ангажира фудбалерот на ПСЖ и португалски репрезентативец, Данило Переира.
Рома го побарала Переира на шестмесечна позајмица со право на целосен откуп на неговиот договор штом заврши актуелната сезона.
30 годишниот фудбалер не е прв избор на Маурисио Покетино во ПСЖ, но влегува на речиси секој натпревар за „светците“. Досега собрал вкупно 21 натпревар оваа сезона на кои постигнал два погодоци.
Переира е и редовен португалски репрезентативец, а Мурињо сака да го направи трето засилување оваа зима откако претходно ги ангажираше Серџо Оливеира и Ејнсли Мејтланд Најлс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА