Рома владее со Рим, херој – „отпишаниот“ Пелегрини

Рома стигна до третата победа во Калчо-лигата, трета со идентични 1-0, но оваа беше дефинитивно најслатка ако се знае дека беше извојувана на градското дерби на „Олимпико“ во Рим, каде Лацио ја имаше улогата на домаќин.

Како клучна се покажа 37. минута во која одличон се снајде Пелегрини, капитенот кој цело лето беше поврзуван со заминување од клубот на крајот остана во клубот, денеска доби шанса од тренерот и максимално ја оправда довербата постигнувајќи прекрасен погодок.

Лацио промаши зицер на почетокот од второто полувреме, а домаќините во финишот ги загубија нервите, па останаа и со играч помалку по заслужениот црвен картон што го заработи Белајанн. Дури и со десетминна фудбалери Лацио имаше извонредна можност преку Каталди, но тимот на Маурицио Сари немаше среќа бидејќи ударот на Каталди заврши само во гредата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...