Рома влегува во трката за потписот на Елиф Елмас

Еден од најдобрите македонски фудбалери Елиф Елмас се уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата. И дефинитивно во Лајпциг веќе не сметаат на него, но одличните настапи за Торино во вториот дел од минатата сезона го ставија на радарот на голем број калчолигаши.

Во редот за неговиот потпис влегува и Рома која и тоа како сака да ја засили конкуренцијата во средината на теренот. Како што пренесуваат италијанските медиуми Лајпциг нема проблем да го ослободи нашиот дијамант, па веќе тој и е понуден на римската волчица.

Во вториот дел од сезоната тој за Торино запиша 13 настапи на кои четири пати се запишуваше во листата на стрелци.

Се вчитува...