Рома во најлош момент остана без лидерот на екипата

Рома претрпе порази на три од последните четири натпревари во Серија А, но тренерот Пелегрини сега се соочува со уште поголем проблем откако долгогодишниот капитен Лоренцо Пелегрини заработи незгодна повреда.

Искусниот играч за врска предвреме го заврши тренингот, а првичните информации говорат дека станува збор за сериозна повреда на квадрицепсот. За подетална лекарска прогноза ќе се чекаат резултатите од прегледите, но она што е јасно – тој дефинитивно нема да настапи против Џенова на 29 декември.

Рома потоа ја очекува дерби дуел со Аталанта, а во таборот на „волчицата“ се надеваат дека Пелегрини ќе може да се врати во тимот барем за дербито со Милан закажано за крајот на јануари 2026.

Се вчитува...