Дефанзивецот на Рома, Костас Манолас, ќе паузира најмалку еден месец поради повреда на бутниот мускул. Повредата на грчкиот репрезентативец не делуваше сериозно при првите прегледи, и се очекуваше да не биде подготвен само за дуелот со Челси, но италијанските медиуми тврдат дека Манолас ќе отсуствува од терените до средината на следниот месец.
„Волчицата“ се надева дека дефанзивецот ќе се опорави побрзо и ќе биде во конкуренција за настап против Фиорентина на 5. ноември, а покрај него, Еузебио Ди Франческо на мечот против англискиот шампион во рамките од ЛШ ќе биде и без Грегор Дефрел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА