Рома враќа добро познато име како замена за Матиќ

Аргентинскиот фудбалер од средниот ред Леандро Паредес е блиску до кам-бек во екипата на Рома. Паредес во Рим ќе пристигне како замена за Немања Матиќ, кој заминува од клубот и потпишува за француски Рен.

Паредес беше дел од Рома од 2015 до 2017 година, од кои една сезона мина како позајмен во Емполи, а потоа играше и за Зенит, пред да потпише за ПСЖ. Минатата сезона ја мина како позајмен во Јувентус, и сега ПСЖ сака да го продаде.

Матиќ заминува од Рома, наводно поради караница со Жозе Мурињо. 29-годишниот Паредез во својата карира играше и за Киево, и за Бока Јуниорс.

Се вчитува...