На ова европско првенство бевме сведоци на најбрзиот гол во историјата, а сега го добивме и најбрзиот играч на актуелното ЕВРО 2024 година.
Изненадувачки, но тоа не е ниту Фримпонг од Холандија, ниту Леао од Португалија, туку романскиот интернационалец Валентин Михаила, кој игра во Парма. Романецот имаше брзина од 35,8 километри на час. На второто место на оваа листа е Ндоје од Швајцарија со брзина од 35,6 километри на час, додека Хојлунд од Данска е трет со 35,5 километри на час.
На листата изненадувачки Килијан Мбапе е дури на седмото место, иако важи за еден од најбрзите играчи.
Fastest players (km/h) so far💨 #EURO2024 pic.twitter.com/HZnjyTFbpW
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) June 23, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА