Романија го назначи „пензионерот“ Луческу за селектор

Ветеранот Мирчеа Луческу беше избран да ја води романската фудбалска репрезентација. 79-годишниот Луческу веќе се договорил да ја води селекцијата. Во базата на Фудбалската федерација на Романија (ФРФ) тој разговараше со младиот претседател Разван Бурлијану и техничкиот директор Михаи Стоица. Мирчеа Луческу го наследува Едуард Јорданеску, чиј договор истече на крајот на Европското првенство во Германија и не беше обновен.

Романскиот фудбал од почетокот на јули до сега беше во потрага по нов тренер, а на крајот се реши за Мирчеа Луческу. Искусниот специјалист во текот на преговорите побарал да исполни само еден услов од страна на претседателот, а тоа е да има исто така збор во стратегијата за развој на младинските селекции. Разван Бурлеану се согласи на овој аспект и Мирчеа Луческу прифати да биде нов селектор на Романија. Селекторот се враќа во националниот тим, откако првпат беше назначен на функцијата во 1981 година.

Разван Бурлеану на Мирчеа Луческу му понудил иста плата што Еди Јорданеску ја одбил. ФРФ на најодликуваниот романски селектор во историјата му подари договор со месечни примања од 27.000 евра и квалификациски бонус од 200.000 евра за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Се вчитува...