Противниците на Македонија на Европското првенство кое што од 16. јануари ќе се игра во Данска, продолжуваат со контролните натпревари.
Последниот противник на Македонија на шампионатот, репрезентацијата на Романија запиша нов пораз откако вечерва очекувано беше поразена од големиот фаворит репрезентацијата на Унгарија со 33-23.
Унгарците одиграа сигурно во првото полувреме по кое имаа позитива од плус пет 16-11. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 33-23.
Покрај со Романија, Македонија на континенталниот собир ќе се сретне и со Данска и со Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

