Ромањоли погоди во последен миг, „росонерите“ го освоија Удине

Милан по многу возбудувања и неверојатен финиш успеа да слави минимален триумф (0-1) на гости против Удинезе во последниот меч од 11.коло во Серија А. Тимот на Џенаро Гатузо имаше повеќе шанси и во првиот дел, но успеа да го совлада домашниот голман Хуан Мусо. Хендикеп беше и повредата на Гонзало Игуаин, кој мораше принудно да ја напушти играта во 35.минута.

Сусо и Кастилјехо, кој влезе на местото на Игуаин, имаа неколку сериозни закани кон голот на Удинезе, но мрежите мируваа се до пред крајот на дуелот. Во судиското продолжение, Удинезе остана со играч помалку поради исклучувањето на Нујтинк. По ова, Алесио Ромањоли постигна погодок во седмата минута од дополнителното време. По прегледувањето на ВАР, голот сепак беше признат.

Се вчитува...