Дефанзивецот на Милан Алесио Ромањоли, поради повреда на бутниот мускул ќе биде вон строј во следните две недели. Италијанецот се повреди во неделната пресметка на Милан против Сасуоло која заврши без победник (1-1), Ромањоли мораше да го напушти теренот по само шест минути игра, а го замени Мусакио.
Според прогнозите на медицинскиот тим најверојатно ќе ги пропушти следните три меча на „росонерите“ во Серија А, и тоа против Наполи, Торино и Беневенто. Повредата на дефанзивецот создава дополнителни проблеми за Џенаро Гатузо во пресрет на дербито против Наполи, бидејќи на средбата ќе го предводи тимот без капитенот Леонардо Бонучи кој ќе отсуствува поради суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

