Романската скокачка во далечина Флорентина Јуско, нема да може да учествува на Олимписките игри во Париз.
Тоа и беше кажано само еден ден пред почетокот на најголемата ревија во светскиот спорт бидејќи Судот за спортска арбитража (ЦАС) делумно ја прифати жалбата на Меѓународната антидопинг агенција (ВАДА) за позитивниот тест.
Јушко уште во април минатата година беше позитивна на диуретикот фуросемид, кој се наоѓа на листата на забранети супстанци на ВАДА, но романската антидопинг агенција и дала само предупредување со објаснување дека не згрешила.
Ваквата одлука ВАДА ја обжалила до „ЦАС“, која одлучила дека Јуско не ги презела сите неопходни мерки на претпазливост и и изрече двегодишна забрана од натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА