Славната Универзитатеа која во минатото беше полуфиналист во Купот на УЕФА и четвртфиналист во Купот на шампионите е во невиден проблем.
Клубот моментално се натпреварува во третото ниво на локалниот фудбал, но дури следната сезона, бидејќи ФС на Романија ги казни драконски со одземање на дури 94 бода. Причината е финансиската недисциплина на Крајова. Неплатените долгови кон поранешните играчи и тренери, како и обврските поврзани со куп натпреварот против Динамо Букурешт, конечно им дојдоа на глава.
Клубот има рок до 3. септември да ги подмири сите долгови, во спротивно ќе се соочи со уште поголеми казни, откако наводно, им се заканува исклучување од сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

