„Романтичарите“ го доведоа Стојанче Велинов како засилување за следната сезона

Сезоната во Првата фудбалска лига завршува в среда со последното 36.коло, а Работнички веќе почна да мисли на настапот во квалификациите за Лигата на Европа. Прво засилување на „романтичарите“ за следната сезона е Стојанче Велинов, кој досега го носеше дресот на Ренова. Тој денеска и официјално е претставен во клубот од Дебар Маало.

Велинов, како што информира Работнички преку својот официјален сајт, потпиша едногодишен договор со клубот од Дебар Маало и треба да ја зголеми конкуренцијата во нападот. Тој претходно има настапувано за Ренова, Брегалница, Тетекс и Силекс.

stojanco velinov 1

Се вчитува...