Работнички е во Сан Марино, и вечерва го одржа официјалниот тренинг на стадионот „Серавале“, во пресрет на утрешниот прв натпревар со Тре Пене, во рамките на првото коло од квалификациите во Лигата на Европа. „Романтичарите“ важат за големи фаворити во двомечот со претставникот на Сан Марино, но ќе треба тоа да го покажат и на теренот.
Избраниците на Виктор Треневски го почувствуваа амбиентот на стадионот, одработија полесен тренинг, а сега останува утревечер да го одработат и другиот дел од задачата, да остварат позитивен резултат на ова гостување.
Фото: www.fkrabotnicki.com
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА