„Романтичарите“ ја запреа Шкендија по цели 11 натпревари без пораз (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Запрена серијата на Шкендија од цели 11 едноподруго натпревари без пораз во домашниот шампионат.

„Романтичарите“ на најдобар можен начин, со повеќе од квалитетно издание, трумфираа со 2-1 против тетовци нанесувајќи им го и вкупно третиот пораз сезонава. Марио Станковски со феноменален гол за паметење и Рушевиќ беа стрелци на головите за Работнички, за рушење на Шкендија.

Претходниот пораз Шкендија го запиша на 16. октомври минатата година, исто така со 2-1 на гостувањето против Академија Пандев во Струмица.

 

Се вчитува...