Фудбалерите и стручниот штаб на Работнички од вчера се во Будимпешта, во очекување на реванш мечот против Хонвед, во рамките на првото квалификациско коло во Лигата на Европа. Денешното претпладне беше искористено за прошетка низ убавата Будимпешта, а попладне ќе следат прес – конференција и официјалниот тренинг на „романтичарите“ на стадионот „Јожеф Божик“.
Натпреварот меѓу Хонвед и Работнички е закажан за вторник, со почеток во 18 часот. По првиот дуел, Работнички има предност од 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА