„Романтичарите“ не издржаа до крај – два пенали на Ренова, еден гол за бод (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички имаше одлична можност да ја почне пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига со победа, но не издржа до крај во пресметката со Ренова на „Филип Втори“.

„Романтичарите“ имаа предност од 1-0 до 92. минута од средбата кога „гипсарите“ со гол од пенал стигнаа до посакуваното конечно реми (1-1).

Претходно, домашните дојдоа до предност со голот на Петар Петковски во 45. минута. Ренова имаше и уште еден пенал на мечот во 68. минута, по играта со рака на Милован Петровиќ во сопствениот шеснаесетник, но Влатко Стојановски не го реализираше ударот од белата точка….

 

Се вчитува...