Македонскиот прволигаш Работнички денеска отпатува на зимски подготовки во турскиот туристички центар Анталија, каде во наредните денови ќе ја реализира втората фаза од зимските подготовки. Тренерот Виктор Треневски на пат поведе 25 фудбалери, кои во следниот период ќе имаат можност да се докажат и низ неколку пријателски натпревари.
На 28.јануари, тимот ќе ги одмери силите со украинскиот клуб Днипро, два дена подоцна ќе следи меч со рускиот клуб Терек Грозни, а на 2.февруари противник ќе биде унгарскиот клуб МТК.
За 4.февруари е планиран уште еден тест – натпревар, и најверојатно ќе биде одигран неофицијален тренинг натпревар со украинскиот клуб Олимпик Доњецк.
Тимот на Работнички го напушти младиот фудбалер Милан Ристовски, кој заминува на шестмесечна позајмица во хрватскиот клуб Ријека. Во претстојниот период ќе продолжи потрагата по квалитетен напаѓач кој би го засилил составот за пролетниот дел од сезоната.
Фото: www.fkrabotnicki.com
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА