“Романтичарите” под палката на Влахо означија старт на подготовките (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната. Новиот тренер Александар Влахо ги построи фудбалерите со кои ќе се обиде во вториот дел од сезоната да направи што подобар резултат во Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ денеска ги претставија и новите пет засилувања. Марио Станковски и Андреј Лазаров повторно се вратија во „Дебар маало“од Борец, односно Тиквеш, а нови играчи на Работнички се и Марјан Ристовски и Бурхан Мустафа од Борец, како и Андреј Кировски од Силекс.

 

 

Се вчитува...