„Романтичарите“ подготвени за голема битка во Будимпешта (ФОТО)

Фудбалерите на Работнички го одржаа официјалниот тренинг на стадионот „Јожеф Божик“ каде утре, со почеток во 18 часот, ќе го играат реванш натпреварот против Хонвед, во рамките на првото квалификациско коло од Лигата на Европа. „Романтичарите“ имаат предност од 2-1 по првиот меч во Скопје, и се надеваат дека ќе успеат да го елиминираат унгарскиот тим, за продолжување на настапот на меѓународна сцена.

Се вчитува...