„Романтичарите“ подготвуваат ремонт: Шест играчи го напуштија Работнички

Работнички во минатата сезона речиси до финишот стравуваше за својот опстанок. Иако имаше поголеми амбиции, односно излез во Европа, сепак, „романтичарите“ на крајот не успеаја во својата „европска“ мисија, но успеаја да изборат нова прволигашка „виза“.

Сега во тимот се подготвува мал „ремонт“. ЕКИПА дознава дека петмина играчи ќе го напуштат тимот на Работнички во текот на летниот преоден рок, и тоа поранешни и сегашни младински и А репрезентативци.

Од тимот на Работнички заминуваат Петар Петковски, Кире Маркоски, актуелните младински репрезентативци Димитар Тодоровски и Стефан Деспотовски. Веќе замина Мевљан Мурати кој замина во Гостивар, додека тимот ќе го напушти и Сабит Биљали.

Сепак, ЕКИПА дознава дека оваа бројка можеби нема да биде конечна, и дека од таборот на Работнички уште неколку играчи ќе си заминат. Веќе се преговара и со нови засилувања.

Работнички во следните денови ќе треба да го потврди и останувањето на Горан Станиќ како нов шеф на стручниот штаб.

Се вчитува...