„Романтичарите“ против Победа, ќе ја бараат првата победа

Работнички не е навикнат да биде на дното од прволигашката табела, но се наоѓа токму таму во пресрет на денешното шесто коло од Првата фудбалска лига. Иако има еден одигран меч помалку, сепак, нималку не е наивна позицијата во која се наоѓаат „романтичарите“. Потребна им е победа за да се оттргнат од летаргијата, а денеска и гостуваат токму на Победа на Могила.

Голманот Дамјан Шишковски верува дека конечно тимот на Работнички ќе одигра според очекувањата.

„Не можеме да се пофалиме со добар старт на оваа сезона, но малку недостига за да се свртат работите. Затоа тренираме напорно, и веруваме дека токму утре, на мечот против Победа можеме да стигнеме до првата победа. Ќе биде тешко, теренот на Могила е посебно тежок за играње, но ние немаме друг избор освен да извлечеме максимум и да се надеваме дека ќе ги освоиме трите бода“, вели Дамјан Шишковски.

Сепак, и Победа ќе се прашува. Прилепчани релативно успешно ја започнаа новата сезона, и „украдоа“ бод на Шкендија во Тетово, имаат и триумф против Шкупи, и реми дома против Академија Пандев. На самиот старт загубија од Пелистер и од Вардар.

 

ПРВА ЛИГА, 6.КОЛО, ДВОЈКИ

ВАРДАР – РЕНОВА (Стадион „Борис Трајковски“, Маџари)

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (Градски стадион во Тетово)

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР (Стадион „Младост“, Струмица)

ШКУПИ – СКОПЈЕ (Стадион „Чаир“, Скопје)

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (Стадион „Могила“, Прилеп)

Се вчитува...