„Романтичарите“ ремизираа без голови со МТК

По двете претходни победи, Работнички ремизираше без голови на пријателскиот натпревар со унгарскиот прволигаш МТК Будимпешта.

„Романтичарите“ одиграа нов цврст натпревар, со еднакви шанси за погодок и на двете страни, но на крајот мрежите останаа нечепнати. Филип Ивановски ја имаше најголемата шанса за Работнички во првото полувреме, додека Варга во 28. минута и Корожман во 68. минута ги имаа најдобрите можности за МТК.

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Виктор Треневски, денешниот натпревар го почна во следниот состав: Божиновски, Силјановски, Митрев, Рашо, Херера, Трајчевски, Најденов, Елмас, Дурански, Маркоски и Ивановски. А, уште играа и Суад Сахити, Емир Сахити, Најдовски, Садики, Борха и Станковски.

Се вчитува...