„Романтичарите“ се вратија на арената, и дојдоа до прва пролетна победа… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

По претходните реми и пораз, Работнички дојде и до првата пролетна победа во битката за одлепување од дното на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ конечно се вратија на арената „Тодор Проески“ и успеаја да дојдат до првото пролетно славје, сосема заслужено победувајќи со 2-0 против штипска Брегалница.

Спектакуларен гол со ножички постигна Гандо во првото полувреме, а Содик во второто полувреме заокружи со уште еден гол за значајни три бода.

 

Се вчитува...