Македонскиот прволигаш Работнички од вчера се наоѓа во Анталија, каде ќе го реализира вториот дел од зимските подготовки. Според информациите од клупскиот сајт, „романичарите“ веднаш почнаа со жестока работа со намера што е можно подобро да се подготват за пролетниот дел од сезоната.
Утринава одработија тренинг на игралиште и во сала за кревање товар, а попладне тренерот Горан Станковски ќе поведе на уште еден тренинг.
Веќе утре составот на Работнички ќе ја има и првата проверка на формата во Турција. По триумфот (0-3) над второлигашот Борец во Велес, пред заминувањето за Анталија, утре, со почеток во 15 часот по македонско време, тие ќе тестираат против Габала од Азербејџан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА