Работнички денеска на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари од 17 часот против Шкупи ја отвора новата сезона во Првата фудбалска сезона.
„Романтичарите“ со Шкупи, кој веќе е во натпреварувачки ритам поради настапите во Конференциската лига на УЕФА, ќе ја затворат првата рунда од натпреварите во новата сезона во меч во кој тимот од Дебар маало силно посакува победа, и покрај тоа што се чини дека чаирчани ја носат фаворитската улога.
Тренерот на „романтичарите“ Милан Илиевски вели дека тимот е подготвен за првенствениот старт и очекува тежок и неизвесен натпревар против Шкупи.
„Имаме максимален респект за Шкупи, тие се во натпреварувачки ритам, а ние допрва ќе фаќаме залет. Мислам дека одработивме одлични подготовки, игравме против силни екипи и тоа требаше да биде вистинска увертира за првенствените предизвици што не очекуваат. Верувам дека ќе се претставиме во добро издание и очекувам тежок и неизвесен натпревар. Кога ќе почне првенството, тогаш секако дека бодовите се најважни, а ние ќе сториме се да стигнеме до позитивен резултат на стартот“, вели Илиевски.
ПМФЛ – 1. КОЛО (денеска, 17 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
ВЧЕРА
Охрид: ВОСКА – ШКЕНДИЈА 0-1
Аганспахиќ 90+1′
Струмица: АП БРЕРА – ВАРДАР 1-0
Јанкулов 59′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС 2-1
Д. Димитриевски 23′, Андерсон 32′ – Милосављевќ 26′
Струга: СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР 2-0
Радески 22′, Јаровиќ 90’+1
Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
Ивановски 42′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА