Јапонскиот интернационалец од редовите на Интер, Јуто Нагатомо, и кога игра натпревари од Серија А мисли на својата сопруга Аири Таира. Тој носи костобрани на кои има нивна заедничка фотографија, и како што вели, тоа му носи дополнителна среќа на фудбалскиот терен.
Нагатомо оваа година се ожени со јапонската актерка Аири Таира, и засега функционираат на голема оддалеченост поради нивните кариери. Аири е во Јапонија, каде има професионални обврски, додека Нагатомо го носи дресот на Интер.
„Нероаѕурите“ синоќа одиграа 0-0 на „Сан Паоло“ против лидерот Наполи, а Нагатомо беше стартер во тимот на Лучијано Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА