„Романтично“ за Работнички, „петарда“ на Вардар, триумф за Шкендија

Работнички славеше значаен триумф (2-0) над Силекс во битката за излез на европската сцена, а Пелистер потклекна (2-1) на гостувањето во Тетово против Ренова. Вардар очекувано беше убедлив (0-5) во Ѓорче Петров против Македонија ЃП, а исто така и Шкендија освои три бода (1-3) на гости во Штип.

Победа се врати во Прилеп и одигра 1-1 против Шкупи.

„Романтичарите“ остварија важна победа над Силекс на „Телеком Арена“, славејќи со 2-0. Горан Силјановски со гол од огромна далечина во 59.минута го изненади Вујанац и го отвори резултатот, а седум минути подоцна Суад Сахити го постави конечниот резултат на оваа средба.

IMG_9402

Вардар ја совлада Македонија ЃП на гости со 0-5. Попов и Хамбарџумјан стрелаа во првото полувреме, а во второто мрежата на домашниот тим ја погодија и Барсегјан, Блажевски и Спировски. Дин Аломертовиќ во 80.минута не успеа да реализира пенал, откако Гачевски го одбрани неговиот удар.

вардар радост

Шкендија со 1-3 славеше во Штип против Брегалница. Бесарт Ибраими во 58.минута донесе водство за фаворитот, а Абдурахими зголеми на 0-2 во 78.минута. Здравков намали од пенал во 85.минута, а претходно Челиковиќ заработи црвен картон за Шкендија, но гостите преку Арменд Алими постигнаа уште еден гол за заверка на триумфот.

Ренова го совлада Пелистер со 2-1. Стрелец на победничкиот гол беше Стојанчо Велинов во 88.минута од средбата. „Гипсарите“ поведоа преку Арџент Гафури во 27.минута, а Лукас Фереира израмни во 54.минута. Сепак, трите бода и припаднаа на Ренова.

Победа се врати во Прилеп и ремизираше 1-1 со Шкупи. Димитрија Лазаревски донесе водство за гостите, а Зендели си постигна автогол за израмнување.

ПРВА ЛИГА 23.КОЛО

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 0-5

БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 1-3

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 2-0

ПОБЕДА – ШКУПИ 1-1

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 2-1

Табела: Вардар 53, Шкендија 47, Работнички 39, Пелистер 36, Ренова 31, Силекс 31, Шкупи 22, Победа 20, Македонија ЃП 16, Брегалница 12.

Се вчитува...