Комо по цели 21 година чекање се врати во Серија А, откако синоќа ремизираше со Козенца што беше доволно за место во најквалитетното натпреварување во Италија.
Во корист на Комо беше и тоа што Венеција, која исто така можеше да се пласира во Серија А, загуби на гостувањето против Специја со 2-1.
На крајот за вистинска фудбалска романтика, радост на фудбалерите и навивачите на Комо кои на најдобар можен начин го прославија враќањето во Серија А.
А, на трибините на вчерашниот дуел беше и фудбалерот на Лестер, Џејми Варди. Нему му истекува договорот со англискиот клуб и не криеше дека би можел од јуни да пристигне како засилување во Комо.
„Малку сум и стар, но не знам, ништо не се знае. Ќе видиме“ – одговори Варди на новинарско прашање дали би можел ова лето да заигра во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА