Утре стартува новото фудбалско првенство во Првата лига, а Работнички го пречекува во „романтично“ расположение. Согласно нивниот прекар, фудбалерите на Работнички и стручниот штаб на чело со Виктор Треневски, заминаа на вечера во Македонско село. Малку дружба и релаксација, секако не е на одмет пред почетокот на прволигашките искушенија.
„Заедништвото и тимскиот дух отсекогаш го краселе нашиот клуб, и во таков стил продолжуваме и во наредниот период“, порачуваат од Работнички.
Фото: www.fkrabotnicki.com
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА