Романска судиска тројка ќе ја дели правдата на последниот натпревар на Македонија на ЕВРО 2020.
На натпреварот против Холандија во понеделник (21. јуни) од 18 часот на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам правдата ќе ја дели Истван Ковач, а ќе му помагаат сонародниците Васил Флорин Маринеску и Овидиу Артен. Четврти судија ќе биде Георги Кабаков од Бугарија, додека задолжен за ВАР е Марко Ди Бело од Италија.
Македонската селекција против Холанѓаните ќе игра за престиж и првиот свој бод на европските првенства, сега без притисок во желбата за позитивен крај на шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА