Романците без капитените доаѓаат на мегдан со Македонија

Романската репрезентација ќе биде значително ослабена за претстојниот дуел против Македонија в недела, откако новиот селектор Тудор Костеску се реши на списокот на патници за Скопје да не ги вклучи двајцата последни капитени на романскиот национален тим, Андреј Мандаче и Влад Молдавеану.

Станува збор за двајца искусни и квалитетни играчи кои беа во главна улога додека репрезентацијата беше под водство на Заре Маркоски, кои се појавија на стартот од подготовките, но сепак нема да бидат дел од романскиот состав на дуелот со Македонија.

Селекторот Костеску има проблеми и со Орбеану, кој заработи повреда на еден од контролните натпревари одиграни во изминатите денови, но сепак ќе патува со тимот во Скопје.

СОСТАВ РОМАНИЈА:

Дан Лукас Тохатан (Сибиу), Џордан Вотсон (Орадеа), Драгош Дикулеску (Темишвар), Мирел Лав (Сибиу), Јулијан Орбеану (Питешт), Тудор Георге (Питешт), Раду Палициуц (Питешт), Богдан Никулеску (Орадеа), Александру Олах (Лајден), Емануел Кате (Мурсија), Нандор Кути (Клуж), Антон Диаконеску (Динамо Букурешт).

Се вчитува...