Романците имаат своја Ванда: Плејбој-убавица „владее“ во фудбалот

Ванда Нара без конкуренција е најпознатата жена-агент во светот на фудбалот, но и Романците имаат своја верзија на атрактивната Аргентинка, во Анамарија Продан.

Оваа плејбој-убавица влета во светот на фудбалот откако се венчаше со Лаурентио Регекампф, по што набрзина создаде одлична база на клиенти меѓу романските репрезентативци. Најголем успех досега и е продажбата на Николае Станчиу од Стеауа во Андерлехт за 10 милиони евра, а убавата Анамарија за летово најавува уште неколку мегатрансфери.

Воедно, таа сака да се испроба и како сопственичка на клуб, па веќе ги почна преговоритe за купување на Херманштад, тим што се соочува со огромни долгови, а Продан сака да го купи и да раководи со него.

 

Се вчитува...