Огромно е разочарувањето во романската јавност откако првакот ФЦСБ претрпе пораз од 1-0 на гостувањето против Шкендија во рамките од второто квалификациско коло за Лигата на Шампионите.
Романскиот првак не ја оправда фаворитската улога, напротив, може да биде и среќен што прими само еден гол, а јавноста во оваа земја не го крие разочарувањето што нивниот тим беше надигран синоќа во Скопје. Згора на тоа, медиумите потенцираат дека ФЦСБ претрпел пораз по примен гол од играч кој воопшто досега се нема покажано како добар стрелец.
„Цела сезона даде еден гол, а синоќа беше кошмар за ФЦСБ“, гласни еден од бројните написи поврзани со овој натпревар.
Адаму Алхасан е фудбалерот што беше херој на Шкендија, нигерискиот ас настапува како последен играч за врска и головите не му се приоритет. Романците сепак потенцираат дека тој цела ланска сезона во црвено-црниот дрес постигнал само еден гол на 29 натпревари, бројка што успеал сезонава да ја израмни веќе кон крајот на јули, со погодокот во мрежата на романскиот првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

