Македонија иако загуби со 24-22 на реванш натпреварот против Романија од бараж двомечот за пласман на Светското првенство во Полска и Шведска во 2023 година, сепак нашите ракометари си закажаа меч со Чешка.
Романците во првото полувреме се обидоа да не „копираат“ и да направат „цепелин“, но на неверојатен начин ударот го спречи младиот голман Мартин Томовски.
Чуварот на мрежата на Вардар, влезе при резултат 7-7, одлично го бранеше нашиот гол, а на крајот забележа и девет интервенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА