Романците со два евроголови ја прегазија Украина (ВИДЕО)

Романија со тирумф од 3-0 над Украина ги освои првите три бода на Европското првенство во Германија. Романците беа далеку подобриот противник на денешниот натпревар во Минхен и сосема заслужено се радуваа на победа.

Евроголот на Станчу во 29. минута го отвори натпреварот, а предноста од 1-0 Романија ја задржа и на полувремето. Во 53. минута Марин постигна нов еврогол за водство од 2-0, а конечните 3-0 ги постави Драгуш четири минути подоцна.

Се вчитува...