Ромарио: Роналдо е машина, но јас би сакал да играм со Меси

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио, се приклучи на дебатата за тоа кој е најдобар на сите времиња Лионел Меси или Кристијано Роналдо. Бразилецот вели дека Роналдо е меѓу најдобрите пет фудбалери, но да може да избира со кого да игра, секогаш тоа ќе биде Меси.

„Го сакам Меси, тој е сјаен, но морам да кажам дела Роналдо е меѓу петте најдобри во историјата. Кога би требало да избирам со кој да играм, тоа е Меси. Аргентинецот е технички подобар од Роналдо, тоа е причината зошто би го избрал“, вели Ромарио.

Бразилецот секогаш зборува дека Меси е чудо од фудбалер кој се раѓа еднаш во 100 години, а за Роналдо тврди дека е совршено подготвена „машина“.

Се вчитува...