Ромарио сака да биде нов лидер на бразилскиот фудбал

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио е главен кандидат за нов претседател на Фудбалската Конфедерација на Бразил (ЦБФ). Тој треба да го наследи како нов лидер на бразилскиот фудбал Марко Поло дел Неро, актуелниот првак човек на ЦБФ, кој доби тримесечна суспензија од ФИФА поради основано сомневање за корупција.

Ромарио де Соуза Фариа од 2015 година го замени фудбалот со политиката и стана член на Сенатот на Бразил. Тој во 1994 година беше избран за најдобар фудбалер во светот во изборот на ФИФА, а десет години подоцна беше вброен меѓу 100 најдобри фудбалери на сите времиња.

Ромарио за бразилската репрезентација постигна 55 гола на 70 натпревари.

Се вчитува...