Лукаку со најголем пад на вредноста во 2022 година

Напаѓачот на Интер, Ромело Лукаку има неверојатен пад на вредноста во оваа 2022 година. Откако мина само една сезона во Челси по враќањето од Интер, Белгиецот не се снајде најдобро, па така замина на позајмица во Интер. Челси го купи за околу 110 милиони евра, меѓутоа замина како позајмен, а неговата цена во тек на една година падна за неверојатни 45 милиони евра според ТРАНСФЕРМАРКТ.

Лукаку сега вреди некаде околу 55 милиони евра, а за очекување е истата дополнително да паѓа, затоа што голгетерот не е во посакуваната форма. Втор на оваа листа на пад на цената е Стефан Де Вриј кој сега вреди 15 милиони, откако претходно неговата вредност беше 45 милиони. Цената на Маркус Рашфорд исто така е во минус 30 милиони, или моментално неговата вредност е 55 милиони евра.

На оваа листа уште се и Јусеф Ен Несири, Мемфис Депај, Антоан Гризман, Тимо Вернер, Маркус Лјоренте, Рафаел Варан и Џејдон Санчо.

Се вчитува...